Откако беше официјализиран неговиот трансфер во Манчестер Сити, Ерлинг Халанд стана уште поважен за медиумите во Англија кои особено ја истражуваат тајната на неговата физичка форма.
Од самиот почеток на кариерата, Халанд бележи импресивни резултати и статистики. Меѓутоа, чекор по чекор своето тело го доведе во неверојатна физичка форма, па многумина се шегуваат дека ги потсетува на „лабораториски проект“.
Додека бил тинејџер, Ерлинг бил прилично слаб, но со тренинзи и правилна исхрана дошол до неверојатна форма која му е предност во однос на фудбалските ривали.
За неговиот развој бил важен строгиот план на исхрана. „The Sun“ открива дека Халанд јаде 6 оброци дневно и дека не сака да отстапува од планот, освен во ситуации кога е дома во родниот град Брин во Норвешка.
Исхраната на Ерлинг во најголема мера е составена од пилешко месо и варени тестенини без сол и масло. Голем дел од неговото мени претставуваат и морските плодови и рибата.
Пие исклучиво вода, а на неговото мени не можете да пронајдете слатки, замрзната храна и производи кои не се свежи.
Халанд не може да им одолее на неколку производи, но истите ги консумира само кога е дома во Брин. Тоа се кебаб и кинеска храна.
„Многу сакам кебаб, но тоа не значи дека постојано го јадам. Јадам кебаб само неколку пати годишно кога сум во својот роден град. Речиси никогаш не го јадам, но и понатаму ми е омилена храна“, изјавил неодамна Норвежанецот.
Исто така, во родниот град знае и да се „почести“ со кинеска храна која особено ја сакал како дете, но денес ја избегнува.