Дејвид Бекам ужива во бракот со Викторија Бекам, но нивниот однос не бил секогаш идиличен.
Имено, помошничката на фудбалерот, Ребека Лос, своевремено била во центар на скандалот по објавата дека Дејвид ја изневерил Викторија токму со неа.
Скандалот со недели траел, а таа 2004 година брачниот пар Бекам влегол во криза. Често се пишувало за потенцијалните измами на Дејвид, меѓутоа тие останале заедно.
Бекам и Ребека биле фотографирани заедно во 2003 година и тогаш биле здогледани како заедно од клубот одат во неговиот апартман, меѓутоа утредента Дејвид и Викторија изјавиле дека со нивниот брак сè е во ред.
Сепак, Ребека за сето тоа проговорела и изјавила дека сè се случило додека Викторија се подготвувала да патува со семејството на скијање. Бекам оваа афера никогаш официјално не ја демантирал, а подоцна австралиската манекенка Сара Марбук открила дека двапати била со Бекам, по што тој ги отфрлил тие тврдења.
Ребека се појавила на насловната страница на „Плејбој“, а од драмата со Бекам наводно заработила милион фунти.
Таа денес живее повлечен живот во Норвешка и е учител по јога. Од 2012 година е во брак и има двајца синови, а животот далеку од скандалите одлично ѝ прилега.