Долг фустан кој ги откива атрибутите: Дали би имале храброст да го „ископирате“ стајлингот на Дуа Липа?

Точка

13/05/2022

14:05

16.981

Големина на фонт

а а а

Популарната пејачка со албанско потекло и атрактивен изглед, моментално е на турнеја низ Европа.

Младата пејачка Дуа Липа (26) очигледно е дека го обожава своето извајано тело, а тоа може да се забележи по нејзините смели модни комбинации во кои се појавува во јавноста.


Овојпат папарацо фотографите Дуа Липа ја фотографирале на улиците на Берлин, а пејачката во таа прилика носела макси фустан кој откривал поголем дел од нејзиното тело.

Имено, долгиот

фустан со изрези, бил со должина до глуждовите, но затоа горниот дел од фустанот бил толку многу исечен што јасно наѕирале градите од младата и атрактивна пејачка.


Дуа Липа уживала во ова свое предизвикувачко модно издание, па гордо позирала пред фотографите покажувајќи го телото од секој агол.

Пејачката неодамна се најде и на насловната страница од магазинот „Vogue“, а еве како ја истакнале од популарниот магазин:


„Дуа, чие име на албански значи љубов, не се истакнува исклучиво поради својата физичка појава, туку поради начинот на кој одлучила да го користи влијанието кое го има како ѕвезда“.




Дали ви се допаѓа вам ова модно издание на Дуа Липа?




Спонзорирани линкови

Маркетинг