Наместо да гладува и да се откаже д намирниците во кои ужива, популарниот комичар ја применува оваа тактика за слабеење.
Актерот и водител Џејмс Корден (43), на јавноста ѝ се претстави како маж кој со самодоверба ги носи вишокот килограми, но со текот на времето тој успеал да ослабне речиси 40 килограми.
Денес тој изгледа среќно и задоволно, а истакнува дека неговата тајна не е некое посебно мени до кое се придржува.
„Се трудам да јадам здраво и да не си ги ускратувам работите кои ги сакам. Држењето диета е погрешно затоа што во еден момент ќе продолжите по старо“, изјавил Џејмс.
„Не мора од ништо да се откажувате. Јас сум сам свесен за тоа што го внесувам во моето тело, се трудам да не јадам храна која има премногу состојки“.
Популарниот комичар е амбасадор на програмата „Weight Watchers“ до која се придржува со години, а истакнува дека таквиот начин на исхрана му годи поради тоа што не е строг кон себе кога има „лоша недела“ и посегнува по грицки на полноќ.
Тој истакнал и дека со своето тело се занимава и однатре, односно дека четири пати неделно медитира по 20 минути, што го смета за исклучително корисно.
Една од неговите главни тајни на слабеењето е периодот на пост (intermittent fasting) кој е исклучително популарен во светот изминатите години, а подразбира да се јаде само осум часа во текот на денот, додека пак останатите 16 да не се консумира храна.
Што се однесува до спортските активности, Корден сфатил дека му годи боксот, па тренира речиси секое утро, но признава дека некогаш го прескокнува вежбањето поради обврски.