Фаворит на славните: Култниот „Cartier Crash“ ги соборува сите претходни рекорди

Супермен

16/05/2022

19:41

8.353

Големина на фонт

а а а

Помеѓу ултра бараните часовници, омилен модел на познатите личности е „Cartier Crash“.

Овој необичен часовник неодамна го собори светскиот рекорд откако еден винтиџ примерок од 1967 година беше продаден на аукција по неверојатна цена од 1,65 милиони долари.


Долго време се веруваше дека шармантниот „Cartier Crash“ е инспириран од изобличениот часовник од делото на Салвадор Дали, „The Persistence of Memory“. Меѓутоа, дизајнот на истиот нема никаква врска со надреалистичкото уметничко дело. Легендата вели дека идејата за „Crash“ дошла кога клиент на брендот го донел својот часовник за поправка кој бил оштетен во сообраќајна несреќа.


Овој прекрасен модел од 18-каратно жолто злато, креиран во лондонското студио на „Cartier“ во 1967 година, се појави на аукциската платформа за часовници „Loupe This“. Во текот на една недела, лицитацијата пораснала од 50 долари на неверојатни 1,65 милиони долари.

Моделот е во „одлична оригинална состојба“ со печати и сериски број видлив на куќиштето на часовникот. Исто така, тој е опремен со оригиналниот калибар 841 со потпис на „Jaeger-LeCoultre“.


Часовниците „Crash“ соборуваат рекорди на аукции речиси секоја година, при што претходно најскапиот часовник беше продаден за 816.158 долари на аукција во Женева во ноември. Уште еден „Crash“ беше понуден на аукција на „Christie’s“, а истиот беше продаден во 2020 година за 225.000 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk