Капетан на суперјахти којшто работел за Русите ги открива чудните особини на милијардерите – еве колкава била платата на дел од посадата

Супермен

17/05/2022

11:37

10.778

Големина на фонт

а а а

Суперјахтата по дефиниција е луксузна јахта со професионална посада и должина поголема од 25 метри. Не е тајна што тие одлични пловила се олицетворение на луксузот и врвните статусни симболи на многу од милијардерите.

Руската инвазија на Украина го откри богатиот начин на живот на милијардерите, а нивните суперјахти играат клучна улога во нивните добри забави. Капетан на суперјахта којшто работел за Русите, открил некои многу интригантни детали кои нема да ве остават рамнодушни.

Возбудливите приказни се резултат на 15-те години поминати на море и работа за богатите Руси.


Првата работа која капетанот ја истакнува е тоа што поголемиот дел од богатите поединци се таинствени. Без оглед на тоа дали станува збор за тоа каде пловат, на Карибите или Медитеранот, сопствениците не сакаат за тоа многу да се зборува.

Тоа што се случува на јахтите останува на јахтите, што е обезбедено со помош на договор за чување на податоците кој обезбедуваат апсолутна дискреција на доброплатената посада.

Понекогаш, како што изјавил капетанот, може да се стигне дотаму што вработените полагаат тест на детектор за лаги за да покажат дека се придржуваат до заветот на тајноста. Споделувањето на работните документи, фотографии, па дури и цртежи од суперјахтите – сè е забрането.


Капетанот открил и дека објавувањето на фотографиите од јахтите на социјалните мрежи може да биде прекршок, а разговорите за медиумите за тоа што се случува таму се строго забранети.

Вториот договор покажува дека вработените мора да се согласат на полиграфско тестирање на детектор на лаги доколку тоа е потребно, а уште еден инсајдер од индустријата открил дека членовите на посадата мораат да ја чистат палубата облечени во „Армани“ џемпери од кашмир.

Анонимниот капетан кој 20 години работел како член на посадата на суперјахтите, ја раскажал приказната за сопствената суперјахта. Вработените добиле инструкции да ги фрлаат своите работни одела веднаш после првото носење.


Кога станува збор за платите, младите членови на посадата со малку искуство вообичаено земаат 2.700 долари месечно со вклучена соба и пансион. Што се однесува до постарите членови на посадите, познато е дека готвачите заработуваат до 27.000 долари месечно.

Капетаните на суперјахтите можат да заработат и до 40.000 долари месечно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk