„Lucid Air“ е исклучително напреден електричен автомобил, но и една од најубавите лимузини.
Од „Lucid“ потврдиле дека стартува експанзијата на Стариот континент и дека премиерата на овој бренд на европскиот пазар ќе го означи моделот „Air Dream Edition“ и тоа во двете достапни опции „Range“ и „Performance“.
За каков автомобил станува збор, најдобро зборува тоа што европската верзија до 100 км/ч. забрзува за 2,7 секунди, додека пак автономијата во возењето по WLTP дури 900 километри.
Ќе ја споменеме и 924-волтна мрежа, што овозможува исклучително моќно полнење.
Познати се и цените. Во Германија моделот стартува од 218.00 евра, во Холандија е 4.000 евра поскап, додека пак најповолен е во Норвешка каде чини 1.850.000 NOK, односно 180.000 евра.
Првите испораки се планирани до крајот на годината.
Значително поволните верзии, како што се „Pure“, „Touring“ и „Grand Touring“ пристигнуваат дополнително, а ќе имаат дупло помала цена од споменатите „Dream Edition“ изданијата.
Се отвора и првото претставништво и тоа во Минхен. Сите заинтересирани можат да го посетат првиот европски „Lucid Studio“ веќе во текот на мај, а до крајот на годината ќе биде отворено претставништвото на избраните европски пазари.
„Lucid“ објави дека во споменатите земји започнува да добива резервации од потенцијалните купувачи со депозит од 300 евра.