Позната Тиктокерка објасни зошто античките статуи имаат мал пенис, причината изненади многу момци: „Бевме на врвот, а сега Варварите ја преземаа власта“

Супермен

17/05/2022

16:15

10.881

Големина на фонт

а а а

Објаснувањето на една девојка зошто античките грчки статуи имаат мали пениси стана вирално.

Тиктокерката Руби Рејн забележала непропорционално мали пениси на античките статуи, па решила подлабоко да го истражи феноменот. Резултатот е видео кое ги воодушеви сите, особено мажите.

„Дали некогаш сте се запрашале зошто толку многу антички грчки статуи имаат извајани тела, а сепак мал полов орган?“, прашува таа во видеото споделено на нејзиниот ТикТок.

„Јас да, па затоа малку истражив“.

Иако денес се чини дека нашиот однос кон речиси сè, особено пенисот е - колку е поголем, толку подобро, истражувањето на Руби покажа дека тоа не било секогаш така.


„Она за што не бев свесна е дека Грците често ги претставувале своите непријатели, Египќаните, како суштества од сатирите, па дури и како будали ликови во комедиите дека имаат одлични „алати“ - така што, било прилично негативно да се има таков полов орган, што денес е сосема поинаку“.

Руби открила дека сето тоа има поврзаност со тоа дека се промениле перцепциите.

„Се испостави дека во античка Грција поседувањето мал „пакет“ се сметало за знак на доблест, учтивост, самоконтрола или дисциплина. Сепак, да се има поголема „гордост“ било знак на страст, алчни апетити и варварство, што е доста интересно бидејќи е поинаку од денес“, открива таа.

Видеата на Руби собрале речиси 4 милиони прегледи, а многу корисници биле воодушевени од нејзиното кратко предавање.

„Момци, запаметете дека бевме на врвот, а сега Варварите ја преземаа власта“, „Дефинитивно мора да им се вратиме на корените“, „Навистина сум роден во погрешна генерација“, биле само дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk