„Patek Philippe“, „Audemars Piguet“, „Richard Mille“: Погледнете ја колекцијата на часовници на Ед Ширан вредна 6 милиони долари

Супермен

17/05/2022

21:23

8.606

Големина на фонт

а а а

Како една од најбогатите поп ѕвезди на светот, со нето вредност од околу 200 милиони американски долари, можете да претпоставите дека Ед Ширан ги троши своите пари на раскошни недвижнини, приватни авиони и луксузни автомобили.

Но, познатиот британски пејач е огромен љубител и на луксузните часовници, а се проценува дека неговата колекција е вредна над 6 милиони долари.

Ед Ширан открил дека купува вредни часовници од својата 20-та година.

„Купував часовници за големи прилики или важни нешта кои ми се случиле во мојот живот и кариера. Секој часовник е посветен на посебен момент во мојот живот. Часовникот „IWC Big Pilot“ го купив за мојот 22-ри роденден, „Patek Philippe 5004“ за номинацијата за мојата прва Греми награда во 2012 година... Многу спомени и многу часовници, но сите се подеднакво посебни“, открил Ширан во едно интервју.

Во продолжение, ова се некои од најценетите парчиња од колекцијата на часовници на познатиот пејач:

„Patek Philippe 2499“

Во текот на британската премиера на филмот „Yesterday“, Ширан бил „уловен“ како носи исклучително редок винтиџ часовник, „Patek Philippe 2499“. Од овој модел се произведени само 349 парчиња помеѓу 1950 и 1985 година, а на аукција во 2018 година, еден од најистакнатите рачни часовници кои „Patek Philippe“ некогаш ги дизајнирал, бил продаден за 3,9 милиони долари.


„Patek Philippe Nautilus 5711/1300A“

Ширан е дефинитивно голем љубител на брендот „Patek Philippe“. Тој на доделување на британските „GQ“ награди за маж на годината во 2021 година носел супер редок „Nautilus“ модел со зелен бројчаник, украсен со низа дијаманти од 3,6 карати. Првично достапен по цена од околу 95.000 долари, овој часовник веќе се продава во аукциските куќи за 376.000 долари.


„Richard Mille RM 38-01 Tourbillon G-Sensor Quartz TPT“

Уште еден од наизглед омилените брендови на пејачот е „Richard Mille“. Тој на доделувањето на MTV наградите во 2017 година, каде ги освои наградите за артист на годината и за најдобро музичко видео, носел егзотичен „Richard Mille RM 38-01 Tourbillon G-Sensor Bubba Watson White Quartz TPT“. Дизајниран за светски познатиот голфер Буба Вотсон, часовникот во ограничено издание изнесува околу 825.000 американски долари.


„Richard Mille RM 27-03“

Дизајниран посебно за шпанската тениска легенда Рафаел Надал, живописниот спортски часовник е лансиран во ограничена серија од 50 парчиња, а неговата малопродажна цена е 725.000 долари.


„Audemars Piguet Royal Oak Tourbillon Extra-Thin“

Овој часовник, изработен од црна керамика и со дебелина од само 9 мм. поседува елегантно, отмено куќиште украсено со сафирни кристали на предната и задната страна и има црн мотив „Tapisserie Evolutive“. Претставен во 2019 година како ограничено издание од 100 парчиња, „Audemars Piguet Royal Oak Tourbillon“ изнесува околу 375.000 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk