Каролина Херера: Секоја жена изгледа добро во бела маичка

Fashionel.mk

17/05/2022

21:39

12.678

Големина на фонт

а а а

Обична бела маичка е моето омилено парче, затоа што истовремено изгледа свежо, а заводливо.

Секоја жена изгледа добро во бела маичка – ќе изјави во една прилика една од најуспешните модни дизајнерки Каролина Херера која од својата истоимена модна куќа создаде светски моден бренд што веќе четири децении има сериозен удел во модниот бизнис.

Таа е дамата која успеа класичната бела кошула да ја редефинира ѝ да даде една сосема нова димензија во женствени, елегантни и изгледи кои зрачат со гламур.


На челната позиција во модната куќа ја замени Вес Гордон, кој умешно продолжи да ја спроведува нејзината визија, но Каролина сама по себе е стилска лекција.

Од нејзиниот пристап кон модата може да научиме многу, а за почеток издвоивме неколку "правила" кои се покажале како значајни во дефинирањето на нејзиниот имиџ.

- Жените не би требало да се плашат од силни бои. Оние кои што ќе одберат розово, зелено или црвено, ќе се одвојуваат од останатите, затоа што повеќето носат сигурна црна боја.


- Најдобро е да ги одбегнувате трендовите, затоа што така ќе изгледате униформирано. Бирајте го она што ги истакнува вашите добри страни.

- Облекувајте се складно со годините. Тоа што изгледало добро на вас кога сте имале 15 години, најверојатно нема да изгледа така и на 40.

- Не заборавајте да бидете женствени. Гламурот и елеганцијата секогаш привлекуваат внимание.


- Облекувајте се во склад со вашата индивидуалност.

- Фризурата и шминката се битни.

- Добриот стил е состојба на умот. Тоа е начинот на кој што го живеете својот живот, како ја носите облеката, што читате и што сакате. Стилот нема врска со пари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг