Најмногу најубави плажи за годинава има Шпанија (вкупно 615), додека пак на второто место се најде Грција. Каква е ситуацијата со земјите од регионот?
Од 50 земји, колку што учествувале во анализата, земјата со најчисти плажи е – Шпанија.
На второто место се најде Грција со 544 плажи, а се издвојува полуостровот Халкидики, препознатлив по златниот песок и тиркизната вода кој освоил поголем дел од наградите. Потоа следат Атика, Крит и Родос.
Популарното Сино знаме е една од најпризнатите доброволни еколошки ознаки на светот кое им се доделува на плажите, пристаништата и оперативните одржливи чамци.
За да се квалификувате за тоа признание, мора да се исполнат и одржат низа строги еколошки, образовни, безбедносни критериуми.
Листата од првите 10 земји со најмногу сини знамиња за плажите изгледа вака:
Што се однесува до земјите од регионот, Хрватска се наоѓа на 11-то место, Црна Гора на 19-то место, а Словенија на 32-то место.