(Видео) Игор Џамбазов: „И мажите се жртви на семејно насилство, но никој не им верува, ако признаеш на пријател, најпрво ќе ти се изнасмее“

Точка

18/05/2022

10:30

9.102

Големина на фонт

а а а

Ниту еден судски спор, не предизвикал толку многу внимание во јавноста како оној помеѓу Џони Деп и Амбер Херд.

Џони Деп е доказ дека и мажите можат да бидат жртви на семејно насилство. А ги има многу, но поголемиот дел од нив молчат. Срамот да не бидат озборувани е поголем од болката од ударите.

Токму на оваа тема естрадниот магазин „Бекстејџ“ разговараше со дел од нашите јавни личности. Оној кој прв зборуваше беше Џамбазов, кој вели:

„Тепаниот маж се срами повеќе од тепаните жени. Срамота е. Да му признаеш на најдобриот другар дека жена ти те тепа? Прво, нема да ти верува“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг