Бил зависник од дрога и алкохол, а по него лудувале жените ширум светот: Неговата смрт и денес е мистерија – постојат две теории...

Точка

18/05/2022

11:17

15.794

Големина на фонт

а а а

Музичарот Крис Корнел го украде срцето на милиони жени. Беше еден од најталентираните музичари на сите времиња, а имаше и самостојна кариера, a почина на 18 мај 2017 година.

Крис пораснал во Сиетл во големо семејство. Имал двајца постари браќа и три помлади сестри, меѓутоа неговите родители се развеле додека сè уште бил тинејџер, по што тој и неговите браќа и сестри го зеле презимето од нивната мајка.

Одел во католичко училиште, а токму таму биле неговите музички почетоци. Уште како момче почнал да се занимава со музиката, а на 10 години ги открил „The Beatles“ за кои тврдел дека се „одговорни“ за неговиот пејачки израз.


Самотник

Тој немал многу пријатели, а себеси се опишувал како самотник. Во текот на тинејџерските години започнал да се бори со депресија поради која цел живот имал проблеми. На само 12 години почнал да пие алкохол, а не поминало многу време кога ја открил и дрогата. До 15 години веќе секојдневно се дрогирал, сè додека целосно не се посветил на музиката, бил на работ на животот поради својата зависност.

Во една прилика изјавил дека мајка му, му го спасила животот купувајќи му тапани, а токму тогаш започнала неговата музичка кариера. Тој започнал да се дружи со бројни музичари, а во 1984 година со пријателите го оформил бендот „Soundgarden“ којшто подоцна станал еден од клучните бендови во гранџ движењето.

Соработувал со бројни колеги, со бендовите го пропатувал целиот свет и продал над 14 милиони албуми.

Тој е еден од авторите на песната „You Know My Name“ која во 2006 година била објавена како насловна нумера за филмот за Џејмс Бонд „Casino Royal“, а благодарејќи на една песна бил номинирал и за Златен глобус.

Неговиот талент му обезбедил многу обожаватели ширум светот, а со својот изглед ги освојувал женските срца.

Тој имал интересен приватен живот. Со менаџерката од својот бенд Сузан Силвер започнал да се забавува во 1985 година, а пет години подоцна застанале пред олтарот. Заедно ја добиле ќерката Лилиан Џин, но во 2004 година се развеле.

Со Вики Карајианис се венчал истата година кога се развел од првата сопруга.

Во секоја врска проблеми му правеле зависностите, а неговата вдовица по смртта раскажала дека никој не можел да го извлече од канџите освен самиот тој.

Телохранителот на Корнел го нашол пејачот без свест на 18 мај 2017 година на подот од тоалетот на неговата хотелска соба, по што истата вечер го завршил настапот со својот бенд. Го однеле во болница, но сепак не можеле да го спасат.

Докторите набрзо го прогласиле за мртов, а полицијата го истражувала неговиот случај.

Иако во некои извештаи пишувало дека починал така што си го одзел животот, други тврдат дека го „предало“ срцето како последица на сите лекови кои ги пиел во комбинација со алкохол.

Меѓутоа, полицијата своевремено дала изјава дека ништо сомнително не било поврзано со неговата смрт.




Спонзорирани линкови

Маркетинг