„Гучи“ повторно на мета на критики, овојпат поради новиот „моден додаток“: Чини 1.290 долари, а не е ни функционален

Точка

18/05/2022

13:29

14.020

Големина на фонт

а а а

Познатите модни брендови се карактеристични по необичните модни парчиња и додатоци кои се продаваат по вртоглави цени, а еден таков во последниве денови особено привлекува внимание.

Имено, во претстојната соработка во која „Адидас“ и „Гучи“ ги здружиле своите сили, еден од артиклите за кој најмногу се зборува е чадорот кој изнесува дури 1.290 долари, а притоа не е ни водоотпорен.


Чадорот со рачка во облик на буквата „G“ и дизајн кој е комбинација од логоата на двата бренда, е достапен на веб-страницата на „Гучи“, а многумина ги насмеа фактот дека истиот не е воопшто функционален, што е потврдено и во неговиот опис.

„Имајте на ум дека овој предмет не е водоотпорен и е наменет за заштита од сонце или декоративна употреба“, стои во образложението.

Исто така, претставник на службата за корисници на „Гучи“ изјавил дека предметот има „добра колекционерска вредност“, но се препорачува да не се користи како чадор за дожд.


На социјалните мрежи веќе се појавија бројни коментари во кои луѓето се шегуваат на сметка на овој предмет кој сè уште не е во продажба и моментално може единствено да се додаде на „списокот на желби“.

Се очекува колекцијата „Adidas x Gucci“ официјално да биде достапна на 7-ми јуни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг