Пораките од заедничкиот љубовен дневник – Амбер Херд до Деп: „Сакам да те растргнам, здробам и да уживам во вкусот“

Точка

18/05/2022

16:00

15.500

Големина на фонт

а а а

Актерката Амбер Херд вчера повторно сведочела против својот поранешен сопруг, актерот Џони Деп, во накрсно испрашување.

Нејзе адвокатите на Деп ја прашале за разни тврдења кои ги изнела, а таа, меѓу другото признала дека лажела за тоа дека парите од разводот ги дала во хуманитарни цели.

Во таа прилика во судот биле доставени и страници од љубовниот дневник кој Џони и Амбер го делеле, а по пораките кои се испишани во него може да се заклучи каков бил односот меѓу нив.


„Вистинската љубов не е само лудило од страсти или бирање сигурност и мир. Станува збор за тоа што го имаме и двајцата. Во тебе видов вистинско пријателство и почит, но сè уште повеќе од кога и да е сакам да те растргнам и да уживам во вкусот“, напишала Херд на 22 мај 2015 година.

Херд на 1 август истата година напишала: „Одвај чекав да ти кажам колку те обожавам. Не можев да замислам поубав меден месец“.

Инаку, Амбер тврдела дека Деп на тој ист меден месец ја претепал.

„Проклетство, те сакам Џони, се врзав за тебе засекогаш“, напишала во август во 2015.

„Дај да се обидам да го поправам тоа, дај да се обидам ова да го закрпам. Заслужуваш. Ми требаш... Ти си мојот камен темелник, моето срце, моето сè. Мразам кога имаме караници. Те сакам повеќе од сè. Ми требаш, те сакам“, напишала Амбер.


На 8 април 2016 година таа напишала: „Жал ми е што можам да полудам. Жал ми е што те повредив. Како и ти, можам да станам злобна кога сум повредена“.

Како што објаснила, дневникот бил „повеќе љубовен бележник и дел од комуникацијата на двајцата“.

„Ми беше важно да се обидам да го негувам мирот“, заклучила Херд.




Спонзорирани линкови

Маркетинг