Фановите жестоко ја осудија: По веста дека го загубила бебето, пејачката објави видео на кое се забавува на плажа

Точка

18/05/2022

17:35

9.137

Големина на фонт

а а а

Бритни Спирс пред неколку дена објави тажна вест дека таа и нејзиниот вереник Сем Ашгари го загубиле бебето и им се заблагодарија на фановите на поддршката која ја добиле од нив, но сега пејачката доби жестоки критики од своите следбеници.

Имено, неколку дена откако ја објави тажната вест на Инстаграм, Бритни објави видео од Мексико каде што била неодамна со својот партнер.

На видеото таа трча по плажата во бикини додека со раце ги прекрива градите, а потоа си играла во песокот и уживала во сонцето.

„Се обидувам да бидам секси додека трчам како во „Baywatch““, напишала Бритни покрај објавата која ги разбесни нејзините обожаватели.

„Девојко, те сакаме, земи си малку време за психички да закрепнеш. Проживеа големи трауми“, „Можеме ли сите да престанеме да се преправаме дека ова не е чудно?! На оваа жена ѝ е потребна помош“, „Го загуби бебето, а сега објавува видео на кое е гола во песокот“, се некои од коментарите под објавата.


Но, имало и такви кои ја бранеле, велејќи дека видеото е снимено пред парот да ја објави тажната вест.

Иако заклучиле дека секој ја преживува болката на различни начини, следбениците ѝ порачале дека би било подобро таа да посвети повеќе време на себеси, а не на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг