Trifle (деликатес во чаша) ќе стане дел од историјата на кралската храна, бидејќи е прогласен за победник на натпреварот „The Platinum Pudding“.
Џема Мелвин, која го создала овој десерт, кој содржи ролат со лимон и бисквити амарети (ликер од бадем), вели дека е неверојатно што победила, пренесува „Sky News“.
Нејзиниот деликатес ги надминал останатите 5.000 и станал официјален десерт на прославата на јубилејот на кралицата.
Како што вели Џема, ја инспирирала нејзината баба, но и кралицата Елизабета втора и сега и нејзиното јадење ќе стане дел од кралската традиција, со специфично пилешко и торта Викторија.
„Не мислев дека ќе поминам понатаму, но стигнав до првите 50, потоа до топ 5 и сега е избран мојот десерт“, рекла Џема, која на конкурсот ја пријавил нејзин пријател.
„Оваа победа им ја посветувам на три жени - моите две баби и на кралицата. Баба ми ме научи да печам колачи и сè што е поврзано со десерти. Нејзините јадења секогаш беа посебни, секогаш внимаваше на деталите, ја нарекувавме 'кралица на ситниците'“, раскажува Џема.
Trifle десертот кој го смислила Џема и кој сега ќе биде дел од официјалната кралска трпеза, се состои од швајцарски ролат со крем од лимон на дното, желе од лимон, бисквити амарето, сос од мандарина, шлаг, кора од цитрус и парчиња чоколадо.
Авторката на десертот рекла дека се надева дека нејзиниот десерт ќе го прават слаткари ширум Велика Британија, за да ги прослават 70-те години на тронот на кралицата.