"Неутралната" Европа исчезнува, а НАТО се шири: Листата на неврзани на континентот е се пократка, руската инвазија ги турка земјите во прегратката на Алијансата

Точка

18/05/2022

21:00

5.100

Големина на фонт

а а а

Со Финска и Шведска кои во екот на руската инвазија се се поблиску до членство во НАТО, ,делува дека листата на "неутрални или неврзани" земји во Европа се повеќе се намалува.

Финските службеници во неделата објавиле дека нивната, претходно неутрална земја, ќе аплицира за членство во НАТО и покрај заканите од Москва, а на ист чекор се одлучила и Шведска, чија владејачка Социјалдемократска партија го поддржала приклучувањето кон Алијансата.

По најавите од северот на Европа, Министерството за надворешни работи на Русија минатата недела рекло дека Русија ќе биде принудена да преземе возвратни чекори од "воено-техничка и друга природа" за да ги сопре заканите по националната безбедност.


Безбедносните загрижености поради војната во Украина ги промениле размислувањата не само во Финска и Шведска, туку и на други, традиционално воено неутрални земји, да преиспитаат што ваквиот статус навистина значи за нив.

Додека членките на ЕУ се посветени да си помогнат една друга во случај на надворешен напад, ова ветување во главно останало на хартија бидејќи, како што пишува "AP", „моќта на НАТО ги засенува идеите на блокот за колективна одбрана“.

Швајцарија

Во Европа има се повеќе земји кои вградиле неутралност во своите закони или генерално се сметаат за неутрални, а на прво место, секако, е Швајцарија.

Берн ја вградил неутралноста во својот Устав, а швајцарските гласачи пред повеќе децении одлучиле да не влегуваат во ЕУ. Но, владата последните недели е на маки да го објасни својот концепт на неутралност откако се приклучила кон европските санкции против Русија, додека во локалните медиуми речиси секојдневно се анализира швајцарскиот статус.

Неутралната Швајцарија, ,отстапувајќи од својата традиција, уште на почетокот на инвазијата најавила санкции против Русите вклучени во специјалната операција и замрзнување на нивните имот. Дополнителни санкции Берн усвоил во март, а воведени се и санкции на ќерките на Путин. Сепак, тоа не вклучило и забрана на емитување на руски медиуми, а владата исто така "одмрзнала" 3,4 милијарди франци во руска сопственост.


"AP" оценува дека се мали шансите Швајцарија да "одлута" подалеку од својата неутралност. Нејзината влада веќе побарала од Германија да не праќа швајцарска воена опрема во Украина.

Популистичката, десничарска партија, која држи најголем блок пратенички места во парламентот, се спротивставува на дополнителни мерки против Русија, а Швајцарците жестоко ја чуваат својата улога на посредник, во што неутралноста многу им помага.

Австрија

Неутралноста на Виена е клучна компонента на австриската модерна демократија. Австрија прогласила воена неутралност во 1955-та година, како услов сојузничките сили да ја напуштат земјата, а таа да ја врати својата независност.

Откако почнала руската инвазија на Украина, австрискиот канцелар Карл Нехамер постигнал добар баланс во поглед на позициите на својата земја.

Тој инсистира дека Австрија не планира да го менува својот безбедносен статус, истовремено укажувајќи дека воената неутралност не значи и морална неутралност - Виена остро ја осудила руската инвазија на Украина.


Ирска

Ирската неутралност, како што пишува "AP", долго била своевидна "сива зона". Премиерот Мајкл Мартин на почетокот на оваа година јасно ја сумирал позицијата на својата земја.

„Не сме политички неутрални, но сме воено неутрални“, рекол тој во јануари, пренесува "Thejournal.ie".

Меѓутоа, војната во Украина повторно ја отворила дебатата околу тоа што точно значи ирската неутралност. Земјата и наметнала санкции за Русија и пратила "несмртоносна" помош во Киев како одговор на инвазијата. Ирска дел од воените единиците на Борбената група на ЕУ, што е дел од напорите на блокот да ја хармонизира својата војска.

Историчарот Семјуел Кражинх, автор и доцент на Универзитетот во Амстердам, смета дека колку членствата во ЕУ и НАТО се послични, толку е подобро блокот да се претстави како геополитичка сила.


Малта

Малтешкиот устав вели дека овој остров е официјално неутрален и дека има политика на неврзаност и одбива учество во било каков воен сојуз. Анкетата на Министерството за надворешни работи спроведена пред руската инвазија, покажала дека мнозинството испитаници ја поддржуваат неутралноста, а дека против се само 6 проценти од граѓаните.

Но, "Times of Malta" во средата известил дека ирскиот претседател Мајкл Хигинс во текот на посетата на нивната земја укажал на идејата за "позитивна неутралност" и заедно со малтешкиот претседател Џорџ Велји ја осудиле војната во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна одржал говор пред малтешкиот парламент, повикувајќи ги западните сојузници да ја уништат амбицијата на актуелниот агресор да ја преземе Украина и други европски држави.


Кипар

Додека односите на Кипар со САД значително пораснале во последните децении, секоја идеја за членство во НАТО моментално "не е на маса".

Претседателот на етнички поделениот остров, Никос Анастасијадис, во саботата рекол дека е прерано да се размислува на таков чекор кој во Турција би наишол на спротивставување. Многу Кипрани и натаму го обвинуваат НАТО за поделбата на островот откако турските сили извршиле инвазија кон средината на 70-тите години. Турција тогаш била членка на НАТО, а алијансата не направила ништо да ја спречи воената акција, пишува "AP".


Британија има две суверени воени бази на Кипар во кои се наоѓа станица за прислушување на источниот брег, во соработка со американскиот персонал.

Додека Кипар им дозволувал на руски воени бродови да се снабдуваат на неговите пристаништа, таа привилегија им била укината по почетокот на инвазијата. Зеленски во април го повикал Кипар да го зголеми притисокот на Русија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг