Одговорот на Москва на одлуката на Хелсинки да стане членка на НАТО ќе биде изненадување.
И тоа ќе го "даде" војската откако ќе ги согледа фактите типични за финското членство во Алијансата, рекла денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Кога финскиот новинар ја прашал за воено-техничките контрамерки и временската рамка во која Москва планира да преземе мерки против Финска поради аплицирањето во НАТО, таа рекла дека тоа ќе биде изненадување, пренесува "ТАС С".
„Ова е прашање за нашето министерство за одбрана. Одлуката ќе биде донесена откако ќе се земат предвид сите фактори и детали кои се однесуваат на напредокот на финското членство во НАТО. На основа на тие параметри ќе биде донесена одлука, но првиот и последниот збор ќе го даде војската“, нагласила таа.