Казни за 41 возило за јавен превоз на територијата на целата држава, 16 со неисправни сопирачки

Макфакс

18/05/2022

20:11

2.259

Големина на фонт

а а а

Денеска (18.5.2022), полициски службеници спроведоа акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што санкционирани се 41 возило. Од нив, 16 поради неисправен уред за запирање, 14 поради неисправен уред за управување, како и други видови неисправности.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.




Спонзорирани линкови

Маркетинг