Амбер Херд го тепала и најбогатиот човек на светот? На интернет кружат фотографии од Илон Маск со модринки додека бил во врска со актерката

Супермен

23/05/2022

11:23

13.285

Големина на фонт

а а а

Амбер Херд наводно го тепала поранешното момче, милијардерот Илон Маск, а неговите фотографии со наводни модринки на лицето во последните денови ги преплавија социјалните мрежи.

Актерот Џони Деп ја тужи актерката за клевета во износ од вртоглави 50 милиони долари, а судскиот процес е еден од веројатно најголемите „селебрити сапуници“ на сите времиња, бидејќи гледачите ширум светот речиси секојдневно го следат судењето на познатиот пар и пикантериите кои од ден во ден ги полнат насловните страници на таблоидите.


Голем дел од јавноста застана на страна на актерот бидејќи Херд повеќепати беше фатена во лага, а адвокатите на Деп настојуваат да докажат и дека нивниот клиент никогаш физички не ја нападнал својата поранешна сопруга, туку дека сето тоа е лага. Истите работи ги тврдат и нивните соседи кои истакнале дека никогаш не ја виделе Амбер со модринки, додека Деп го виделе.

Исто така, социјалните мрежи во последните денови ги преплавија фотографии од нејзиниот друг поранешен љубовник, милијардерот Илон Маск, со наводни модринки на лицето. Маск се заљубил во Херд во текот на разводот од Деп, а за првпат раскинаа во 2017 година поради зафатени распореди. Идната година тие се смирија, но ни тогаш нивната врска не успеа.

Илон тогаш заплака по актерката во интервју за магазинот „Rolling Stone“.

„Само што раскинав со девојката. Бев многу заљубен и сега сум многу повреден. Таа раскина со мене повеќе отколку што јас со неа, мислам. Бев многу депресивен и морав да се трудам да не изгледам така“, откри најбогатиот човек на светот.

Набрзо „испливаа“ тврдењата дека Амбер живеела на негова сметка и била многу манипулативна и насилна, како и нејзините пораки во кои признала дека всушност никогаш не го сакала Маск, туку со него ја „пополнувала празнината“ и ја „ублажувала тагата“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk