Еден од најмоќните медиумски тајкуни се разведува од сопругата на 91-годишна возраст

Супермен

23/06/2022

23:19

24.659

Големина на фонт

а а а

Медиумскиот тајкун и милијардер Руперт Мурдок се разведува од својата сопруга Џери Хол по 6 години брак, пренесува „New York Times“.

Ова е воедно најкраткиот брак и 4-ти развод за 91-годишниот Австралијанец чие богатство се проценува на 17,7 милијарди долари, што не е случај со актерката и модел за кого ова било првпат официјално да стапи во брачна заедница.


Иако деталите за разводот се уште не се познати, „New York Times“ известува дека го потврдиле две личности блиски до парот.

Мурдок и Хол по 5-месечна врска се венчаа во март 2016 година, а пригодата ја одбележаа на скромен начин со церемонија во Спенсер Хаус во Лондон.


Едно од најмоќните имиња во светот на медиумите тогаш не ја криеше среќата поради својата врска, а на публиката ѝ соопшти и дека се повлекува на некое време од социјалните мрежи за да може да ужива во „новопечениот живот“.

Мурдок има 6 деца, ќерката Пруденс МекЛеод со првата сопруга Патриција Букер, ќерката Елизабет и синовите Лаклан и Џејмс со втората сопруга Ен Ман и ќерките Клои и Грејс кои ги дели со третата сопруга Венди Денг.


Од друга страна, Хол беше во долгогодишна врска со Мик Џегер, легендарниот рокер на „Rolling Stones“ со кој има 4 деца. По 22 години врска имаа неофицијална свадбена церемонија на Бали, меѓутоа високиот суд на Обединетото Кралство ја сметала за неважечка по нивната разделба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk