Во танга-бикини ја разбудила фантазијата кај мажите: Пејачката вака изгледа кога не знае дека папарацо фотографите си ја вршат својата работа

Супермен

23/06/2022

14:12

13.639

Големина на фонт

а а а

Рита Ора деновиве ужива во Мадрид, а папарацо фотографите ја „уловиле“ во моментите на опуштање покрај базен.

Рита Ора моментално е една од најголемите поп-ѕвезди, а со својата појава во јавноста редовно предизвикува море од коментари.

Иако обожавателите често се строги кога станува збор за нејзиниот моден вкус – овојпат ја пофалиле пејачката затоа што, како што пишуваат, линијата на тело ѝ е беспрекорна и без грам фотошоп, па таа е една од ретките јавни личности кои изгледаат врвно и на папарацо-фотографиите.


Оваа атрактивна русокоса слободните денови одлучила да ги искористи на најдобар можен начин, а постои ли подобра комбинација од ладен пијалак, голем базен и добро друштво?

Таа моментално ужива во Мадрид, но ниту на приватниот базен не успеала да побегне од љубопитните погледи на фотографиите кои ја „уловиле“ додека се сончала, а кога фотографиите се појавиле во јавноста, многумина, како што веќе напишавме погоре, коментирале дека Рита изгледа одлично од секој агол, а колку има вистина во тоа проценете сами.


Рита во Мадрид настапуваше и на еден настан на луксузниот бренд на накит „Cartier“, а за таа прилика избрала да носи розов фустан под кој не носела градник, со што се пофалила на Инстаграм.

Во последно време пејачката дополнително го привлекува вниманието поради љубовната врска со 15 години постариот режисер Таика Ваитити.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk