„BVLGARI“ претстави часовник посветен на италијанскиот морепловец Америго Веспучи

Супермен

27/06/2022

16:24

8.308

Големина на фонт

а а а

„BVLGARI“ го претстави својот часовник од специјалното издание „Amerigo Vespucci“, оддавајќи му почит на истоимениот брод на италијанската морнарица и неговото наследство.

Палетата на бои на часовникот е инспирирана од бојата на воените бродови од 19-от век. Алуминиумскиот „GMT“ модел се состои од светлечки сказалки и две контрастни црни и жолти 12-часовни зони за да ви помогне да ја разликувате дента од ноќта.


Сказалката на часовникот која потсетува на позлатените црни огради на Веспучи, сама се приспособува кога круната од титаниум се поместува на секундарна позиција, а „Super-LumiNova“ ознаките на часовникот и белите сказалки имаат за цел да ја доловат ѕвездената ноќ на море.

На бројчаникот од титаниум е изгравирано мотото на бродот „Non chi comincia ma quel che perseverа“ што значи „Не оној кој почнува, туку оној кој истрајува“. Во меѓувреме, робустното, но флексибилно гумено ременче потсетува на препознатливите дизајнерски кодови на „BVLGARI“. Часовникот има пречник од 40 mm и е водоотпорен на длабочина до 100 метри.


„Како да му пркоси на диктатот на времето, „BVLGARI Aluminium GMT“ со ова специјално издание ги следи стапките на големите истражувачи. Било да е на благи бранови, разбранувано море или на суво копно, го обновува интензитетот на уникатното искуство и упатува повик да уживате во радостите на патувањето, додека самоуверено гледате во иднината“, се наведува во соопштението на брендот.


„BVLGARI“ ќе креира само 1.000 парчиња од своето специјално издание на часовникот „Amerigo Vespucci“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk