Поранешната сопруга на Чарли Шин по чекорите на нивната ќерка: Отвори профил на „OnlyFans“ и ги повика следбениците да се претплатат

Супермен

28/06/2022

14:54

10.169

Големина на фонт

а а а

Дениз Ричардс, поранешната сопруга на познатиот актер Чарли Шин, неодамна на својот Инстаграм профил споделила видео на кое оди боса по плажата во бел фустан, а под снимката додала хаштаг „OnlyFans“.

„Подготвена... Одиме“, напишала 51-годишната актерка и ги повикала своите многубројни следбеници за 25 долари месечна претплата на содржините кои ќе ги објавува на оваа страница која стана позната првенствено по еротската содржина.

Оваа страница за возрасни често се користи за објавување голи или делумно голи фотографии по премиум цени.

Нејзиниот нов потег следел откако нејзината ќерка, 18-годишната Сами се приклучила на „OnlyFans“ откако се откажала од средното училиште.

Сами на својот Инстаграм профил објавила фотографија на која позира во црно бикини, а во описот напишала „кликни на линкот во описот на мојот профил доколку сакаш да видиш повеќе“.

Ричардс јасно го поддржала потегот на својата ќерка, а под нејзината фотографија напишала:

„Сами, секогаш ќе те поддржувам и ќе ти го чувам грбот. Те сакам“.

Исто така ексклузивно за „PageSix“ изјавила дека нејзината ќерка сама одлучува за своите животни потези. Додала и дека сè што може да направи е да верува во нејзините одлуки.

Меѓутоа, веста не поминала добро кај нејзиниот татко, славниот актер којшто ја обвинил поранешната сопруга за потегот на нивната најстара ќерка.

Поранешната ѕвезда на популарната серија „Два и пол мажи“, изјавил дека Сами сега има 18 години и живее со мајка ѝ и дека ова не се случило под неговиот кров.

„Не го одобрувам ова, но поради тоа што не можам да го спречам, би сакал да го задржам својот интегритет“, додал 56-годишниот актер.

Дениз и Чарли биле во брак од 2002 до 2006 година, а ја имаат и 17-годишната ќерка Лола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk