Шок на „Велордом“, Сампаоли ќе поднесе оставка

Макфакс

01/07/2022

16:48

3.112

Големина на фонт

а а а

Хорхе Сампаоли решил да го напушти Олимпик Марсеј. Незадоволен од клупската трансфер политика, Аргентинецот го известил претседателот Пабло Лонгорија дека нема намера да го одработи договорот, кој му истекува во јуни наредната година.

Сампаоли успеа да го врати славниот клуб во Лигата на шампионите, очекуваше засилувања достојни за големината и амбициите на Марсеј, со надеж дека ќе направи добар резултат во домашното првенство и во ЛШ.

Сепак клупските челници не ги следат неговите амбиции. До денес тие ги реализираа трансферите на 19-годишниот Сулејман Исак Туре од Авр и Самуел Ижо.

Колку Сампаоли е решен да го напушти Марсеј, доказ е информацијата дека тој не го водел тренингот во петокот, туку се сретнал со претседателот Пабло Лонгорија за да ги разјасни деталите за заминувањето.

Ваквиот исход е резултат на долгогодишната луда политика на Велодром, која доведе до ситуација Марсеј да нема пари за засилувања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг