Ирина Шајк, руската манекенка со светска слава и една од најубавите жени во светот, моментално е на одмор на Ибица, и тоа во поголемо друштво.
Меѓу другите, друштво ѝ прави нејзината колешка Стела Максвел, а нивните жешки папарацо фотографии го обиколија светот.
Познатата манекенка, која има 37 години, уживала пливајќи и пиејќи коктели во минијатурно бикини од брендот „Burberry“, а неговата цена е вртоглави 415 евра.
Препознатливиот дизајн на овој бренд и моделот со триаголници на горниот дел и „бразилска танга“ на долниот дел, малку ѝ оставаат на фантазијата.
Шајк гордо го покажувала затегнатиот задник и совршеното тело, а кога било „најтешко“, тука биле другарките да ѝ помогнат. Фотографиите ја покажуваат со уште една девојка во „предизвикувачки пози“.
Темнокосата убавица ја придржувала за задникот, најверојатно помагајќи ѝ да влезе што побезболно во студената вода.
Не требало многу за да им проработи „валканата имагинација“ на Интернет корисниците, па многумина виделе многу „повеќе“ на овие нецензурирани фотографии.