Џејсон Момоа покажал како закрепнува по тренинг во замрзнувач полн со мраз

Супермен

09/08/2022

21:12

6.860

Големина на фонт

а а а

Џејсон Момоа ги изненади обожавателите седејќи во замрзнувач полн со вода и мраз, што го споделил на својот Инстаграм профил, а станува збор за третман со мраз наречен криотерапија кој се користи за закрепнување по тренинг.

Актерот од „Aquaman“ се подложил на криотерапија, која спортистите вообичаено ја користат за ублажување болки.

Додека за криотерапија постојат посебни комори, Момоа се снашол и искористил голем замрзнувач за гореспоменатиот третман и закрепнување после тренинг.

Во видеото објавено на Инстаграм, пријател на актерот го покажал рачниот часовник и открил дека Момоа бил 6 минути во замрзнувач.

„Ова е четврти ден од тренингот“, вели ѕвездата од „Aquaman“ на видеото.

Криотерапијата претставува примена на студ (мраз) во физикалната медицина и рехабилитацијата.

Студот делува на крвните садови така што ги стеснува, по што доаѓа до нивно нагло ширење со силен наплив на крв. На тој начин доаѓа до подобра циркулација на крвта во областа која се третира, што резултира со намалување на воспалението и болката.

Додека многу спортисти го користат за закрепнување, Кристијано Роналдо привлече посебно внимание со овој третман откако во текот на селидбата на новата адреса со себе „понесе“ и комора за споменатиот третман вредна 50.000 фунти.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk