(Фото) Алесандра Амбросио во провокативно бикини ужива на одмор во Будва

Супермен

11/08/2022

18:12

7.609

Големина на фонт

а а а

Бразилската манекенка Алесандра Амбросио на својот Инстаграм профил откри дека летува во Будва, а откако ја означи локацијата на која престојува, сподели и неколку кадри од плажа.

Поранешниот ангел на Викторија сикрет, на Инстаграм-стори откри дека се одмора во елитниот станбен комплекс „Dukley Gardens“.

„Стигнав на ова магично место точно навреме“, вели Амбросио.

На фотографиите кои ги објави може да се види како позира во костим за капење и ужива на плажа.

Атрактивната Бразилка оваа пролет наполни 41 година, но сепак привлекува внимание со својата убавина и извајана фигура.

Славата ја стекна благодарение на ангажманите на модни ревии за американскиот бренд Викторија Сикрет, кои според магазинот Форбс ѝ донеле значителна заработка и ја вброиле во петте најплатени манекенки во светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk