Популарниот музичар 30 години молчел за сексуалното злоставување: „Мојата мајка го дозна тоа од песната...“

Супермен

12/08/2022

13:15

7.760

Големина на фонт

а а а

Британскиот музичар Маркус Мамфорд открил дека бил сексуално злоупотребуван како дете, а неговата мајка тоа го дознала дури кога го слушнала текстот од неговата песна, 30 години подоцна.

Фронтменот на групата „Mumford & Sons“ изјавил дека го поминал животот во чувство на срам по злоупотребувањето кое го претрпел кога имал само шест години, што било прво во низата навистина необични, нездрави сексуални искуства во многу рана доба од животот.

„Како и многу од луѓето, а јас за тоа учам сè повеќе и повеќе како што поминува времето, бев сексуално злоупотребуван како дете“, изјавил тој за странските медиуми.


„Не од моето семејство или од Црквата што некој можеби би претпоставил, но никому не сум му кажал за ова 30 години“, продолжил тој.

Неговите родители Џон и Елеонор биле меѓународни лидери на неохаризматската евангелска христијанска деноминација „Vineyard Churches“.

„Од некоја причина, а всушност не можам да разберам зошто, не направив сексуално злоставување иако тоа беше и моето однесување во одредени моменти“, признал тој.

Тој раскажал детали за своето злоставување во детството кај терапевтот, при што сеќавањето предизвикало повраќање, пред тоа сеќавање да го насочи во својот прв соло сингл „Cannibal“.

„Сè уште можам да те вкусам и го мразам тоа. Тоа не беше мој избор во умот на детето и ти го знаеше тоа“, напишал тој во „Cannibal“.

Музичарот се присетил како ја свирел песната пред мајка си и кога таа го прашала по два дена за што станува збор во песната, а по неговото признание била целосно шокирана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk