Бен Ротенберг, новинар на „Racquet Magazine“ и еден од најголемите критичари на Новак Ѓоковиќ, потсети на успесите на српскиот тенисер од претходните години и истакна дека тој, без сомнеж, е најдобриот тенисер на сите времиња.
Ѓоковиќ пред 4 години стана првиот и единствен тенисер кој ги освоил сите Мастерс турнири, а последен во низа беше Мастерсот во Синсинати кога го совлада Рожер Федерер со 6:4, 6:4.
Исто така, Ротенберг потсети дека Ѓоковиќ по двапати ги освои секој од 4-те Гренд слема, како и по двапати сите Мастерс турнири.
„Дури и ако Ѓоковиќ не го надмине Рафаел Надал по бројот на Гренд слем титули, нема никави сомнежи во мојата глава дека тој е статистички GOAT (Greatest of All Time, најдобар на сите времиња)“, напишал критичарот на Твитер.
Тенискиот новинар безброј пати во текот на кариерата го критикуваше Новак од многу причини, а неколку пати оваа година истакна дека Србинот треба да се вакцинира.