"Bugatti W16 Mistral" продаден во рекорден рок: Римац вели дека кај супербогатите нема намалување на побарувачката

Точка

29/08/2022

18:44

24.688

Големина на фонт

а а а

Извршниот директор Мате Римац наведува дека компанијата не бележи забавена продажба и покрај рецесијата.

Новиот модел "Bugatti W16 Mistral" е продаден во рекорден рок од минатонеделното прикажување на Неделата на автомобили во Монтереј. Односно,сите 99 примероци, а сопствениците се во главно Американци. Иако ова малку ги изненадило и самите директори на компанијата, сепак е доказ дека авто-индустријата не стагнира и покрај кризата.

„Побарувачката за нашите скапи возила не покажува знаци на опаѓање без разлика на моменталните стравови на купувачите од рецесија“, наведува извршниот директор на "Bugatti Rimac", Мате Римац за "Jutarnji.hr".


„Моментално не гледаме никакво забавување, баш напротив. Со "Bugatti" сме распродадени до 2025-та. Па дури и ако рецесијата трае неколку години, од неа ќе излеземе уште посилни“, додава тој.

Како што пренесува "Jutarnji" најголем придвижувач на растот на продажбата е "Rimac Technology" која продава технологии за батерии и електрични возила на "Porsche", "Aston Martin", "Hyundai" и други големи произведувачи.


Компанијата има околу 1.000 вработени и развива автономна "robotaxi" технологија за која Римац смета дека ќе се покаже како важна.

„Ограничувањето број еден е да се има доволно материјали и ланци за снабдување за флотите кои ги имаме на глобално ниво. Повеќето луѓе не сакаат да поседуваат автомобил ако постои попрактична, побезбедна опција која ве носи од точка А до точка Б“, заклучува Мате Римац.




Спонзорирани линкови

Маркетинг