Има шокантно големи гради, буквално од неразбирливи размери: Патниците во авионот се пожалиле дека ги вознемирува погледот на нејзините гигантски облини

Супермен

22/09/2022

14:00

7.226

Големина на фонт

а а а

Леа Паркер, моделот со најголеми гради во Велика Британија (веруваме и пошироко), неодамна откри дека била принудена да седи во кујната на авионот за време на летот од Лас Вегас до Лондон, откако другите патници се пожалиле на нејзините огромни облини.

Леа, која на социјалните мрежи е позната како Џоди Југс, истакнала дека резервирала и платила место во економска класа, но набрзо сфатила дека просторот е премал за да може удобно да седи.

„Малите седишта не се добри за моите гради, се борам да не им го попречувам пролазот на другите патници“, раскажала оваа 26-годишничка.

Но, Леа истакнува дека тоа не значи дека патниците не можеле да се прилагодат на ситуацијата и прилично е бесна, бидејќи се однесувале грубо кон неа и на крајот се пожалиле кај персоналот во авионот.

„Останатите патници беа толку злобни кон мене. Една жена на стјуардесата ѝ рече дека бара „оваа девојка и нејзините глупави гради да се поместат“. Ѝ рече и дека упорно го туркам нејзиното момче, но едноставно немав доволно место“, додала оваа инфлуенсерка и модел.

Паркер тврди и дека некои патници барале да бидат преместени во подобра класа, бидејќи погледот кон нејзините гради за нив бил „неприфатлив“.

Таа додала и дека кабинскиот персонал застанал на страната на патниците и ги опишала како „злобни“.

На крајот, атрактивната русокоса била принудена да се помести од седиштето кое го платила и резервирала и летот да го помине во кујната, на задниот дел од авионот.

„Немаа други седишта, па така поголемиот дел од летот го поминав во кујна. Навистина ми беше мачно“, заклучила Леа и рекла дека се пожалила во авиокомпанијата, но сè уште не добила извинување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk