(Фото/Видео) „Најтежок противник кој сум го имал досега“: Том Харди тајно се пријавил на натпревар по џиу-џицу и победил

Супермен

22/09/2022

15:04

6.627

Големина на фонт

а а а

Актерот Том Харди, ѕвезда на филмот „Mad Max: Fury Road“, ја изненади јавноста откако тајно се пријавил на натпревар по џиу-џицу во текот на викендот и победил.

Харди учествувал на Отвореното првенство во бразилско џиу-џицу и се закитил со злато, а неговото појавување на настанот било хит помеѓу натпреварувачите и гледачите во „Милтон Кејнс“ кој се наоѓа на само 90 минути северно од Лондон.

Харди се пријавил на натпреварот под своето вистинско име – Едвард.

„Бев шокиран кога го видов, а тој ми рече: ‘Само заборави дека сум јас и прави го она што инаку го правиш’“, изјавил противникот на Том, Дени Еплби, за локалните медиуми.

„Навистина е силен. Тој е веројатно најтешкиот противник кој сум го имал досега – сигурно е дораснат на својот лик Бејн“, додал Еплби, мислејќи на ликот на Харди во хит филмот од 2012 година, „The Dark Knight Rises“.

Том Харди е најпознат по соработката со Кристофер Нолан и улогите во филмовите „Inception“, „Dunkirk“, „Mad Max: Fury Road“ и „Venom“.

Тој и неговата сопруга Шарлот Рајли се венчаа во 2014 година и имаат две мали деца. Харди од претходниот брак со Рејчел Спид има уште еден син. Актерот е голем љубител на кучиња и има неколку спасено од улица и вдомено, а ангажиран е и во неколку хуманитарни организации.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk