(Видео) Бред Пит тврди дека ова се најзгодните мажи во историјата и можеме само да се сложиме со него: Актерот одржал и лекција за добар живот и добар изглед

Супермен

23/09/2022

15:46

7.030

Големина на фонт

а а а

Бред Пит неодамна дал големо интервју за „Vogue“, а во фокус било отпочнувањето на неговиот бренд за нега на машка кожа, „Le Domaine Skincare“.

Очекувано, во текот на разговорот за тоа како мажите треба да се негуваат и што е тоа што го нуди неговата козметика, актерот се осврнал и на тоа кој смета дека е најзгодниот маж на светот.

„Во светот на актерството, бидејќи тоа е мојата професија со која се занимавам секој ден... мислам дека е Пол Њумен. Затоа што грациозно остаре. И беше навистина посебно, талентирано, топло и искрено човечко суштество“, изјавил Пит и додал:

„А ако треба да именувам некои од мажите кои сè уште се помеѓу нас, па морам да го истакнам Џорџ Клуни бидејќи зошто да не?“.

Бред додал и дека неговата тајна за добриот изглед не е комплицирана – малку здрава храна и вежбање, но ништо опсесивно, работа на креативноста, време со блиските...

Славниот 58-годишен актер не само што запловил во претприемачките води туку и се свртел кон уметноста, а сосема е очигледно дека актерството не е негов единствен талент.

Имено, Пит неодамна во финскиот град Тампере, во Музејот за уметност Сара Хилден ја претстави својата прва јавна уметничка изложба, изложувајќи ги своите вајарски дела.

Бред одговорил и на прашањето како се гледа себеси во иднина, а неговиот осврт на тоа е всушност важна животна лекција за сите нас.


„Колку сум постар, толку повеќе размислувам за квалитетот на животот и трошењето на време, и сигурно ќе се посветам на тоа. Мислам дека по изолацијата на многумина им беше на ум како го поминуваат своето време, на што ги посветиле своите животи? И мислам дека на крајот од денот семејството и пријателите се сè што е важно“, вели Пит.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk