Како Рожер Федерер ќе продолжи да заработува милиони по повлекување од тенисот?

Супермен

23/09/2022

20:51

7.214

Големина на фонт

а а а

По нешто повеќе од еден месец откако Серена Вилијамс јавно изјави дека има намера да се повлече од светот на тенисот, уште еден од најголемите играчи најави дека заминува во пензија.

Меѓутоа, за разлика од американската ѕвезда која сака да посвети повеќе време на своите деловни активности, Швајцарецот не открил ништо за своите идни планови кога најави дека ќе го одигра последниот турнир пред конечното повлекување.

Сепак, успешната соработка со швајцарскиот бренд за чевли „On“ нѝ дава некои индикации што би можело да биде следно за тениската легенда.


Но, ајде да ги видиме изворите на приходи на швајцарскиот тенисер за време на неговиот „престој“ на теренот:

Федерер од тенисот заработи нешто повеќе од 130 милиони долари. Секако, како и кај многу други високо платени спортисти, најголемиот дел од богатството не доаѓа од самиот спорт, туку од разните брендови кои ги застапува. Доказ за тоа е фактот дека Федерер се најде на врвот на листата на Форбс на најплатени тенисери за 2022 година со заработка од 90 милиони долари, а не одигра ниту еден меч во претходната година.

Од 1994 година до 2018 година Федерер го спонзорираше брендот „Nike“, а во последните 10 години од договорот заработуваше речиси 10 милиони долари секоја година. Но секако, гигантот за спортска опрема не беше единствената компанија во портфолиото на врвниот тенисер.


Во 2008 година, Федерер потпиша спонзорски договор со компанијата „Mercedes“, а следната година „Credit Suisse“ и „Lindt“ го именуваа тенисерот за свој амбасадор.

„LVMH“ во 2012 година го избра за заштитно лице на шампањот „Moet & Chandon“, додека „Rolex“ низ спонзорство му плаќа по 8 милиони долари годишно.

Федерер исто така се појави во туристички реклами за Швајцарија, заедно со Роберт Де Ниро и Ен Хатавеј.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk