„Не можам да верувам дека не сум платена за ова“: Меган Маркл му поставила ултиматум на Хари, а едно правило многу ѝ пречело

Точка

26/09/2022

09:12

7.051

Големина на фонт

а а а

Погребот на кралицата Елизабета Втора и натаму привлекува внимание во јавноста, а една од главните теми се принцот Хари и Меган Маркл.

Најновата книга за кралското семејство открива бројни интересни детали, а најмногу се занимава со односите меѓу Хари и Меган – тие воедно се и најконтроверзниот пар на кралското семејство.

Во најновата книга за кралското семејство „Courtiners: The Hidden Power Behind the Crown“ , на кралскиот дописник и автор Валентина Лоуа, објавени се некои интересни детали за најпознатиот пар кои досега можеби не сме ги знаеле.


Наводно, Хари секогаш бил оптоварен со тоа дека ќе стане неважен, особено кога неговиот братучед Џорџ ќе стане полнолетен и постојано се споредувал со чичко му Ендру за кој кралското семејство и нема баш убави зборови.

Се споменува и дека Меган Маркл на Хари му поставила ултиматум дека ќе ја раскине врската со него доколку тој не објави дека се заедно.

„Зборуваше: доколку не дадеш изјава во која потврдуваш дека сум твоја девојка, ќе раскинам со тебе. Хари бил во паника“, изјавил неименуван извор во книгата.


Хари поради тоа бил избезумен и постојано се плашел дека Меган ќе го напушти. Потоа се обратил до секретарот на Кенсингтонската палата, Џејсон Кнауф, барајќи да издаде изјава во која потврдува дека Меган е неговата девојка и ги осудува расистичките и сексистички коментари во дел од медиумските извештаи.

Наводно принцот Вилијам се обидел да ги поправи односите со него, но не успеал во тоа. Меган отишла толку далеку што била груба и дрска кон вработените во кралското семејство, а сето поразлично однесување од тоа била само маска пред јавноста.

Таа уживала во вниманието, но не ја сфаќала целта на ракувањето со моќни странци, па во една прилика рекла дека не можела да верува дека не е платена за тоа.


Едно од правилата во кралското семејство е и тоа дека нема подароци, што Меган тешко го поднела затоа што од разни компании добивала накит и облека.

Се чини како да не е без причина тоа што токму таа е една од оние кои можеби најмногу ги разбеснува Британците и го навлекува гневот кај луѓето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг