Многу од луѓето имаат свој омилен жанр на музика, но постојат некои песни кои сите ги знаеме, без оглед на тоа дали припаѓаат на музиката која ја преферираме.
Една студија сега открила интересен детаљ за големиот хит на славниот американски рапер Еминем.
Студија спроведена на Универзитетот во Њујорк открила дека една песна е особено популарна меѓу психопатите.
Имено, во испитувањето спроведено во 2017 година во кое учествувале 200 луѓе, истите пополнувале прашалник којшто ја проценувал нивната присутност на психопатија – нарушување кое го карактеризира недостаток на емпатија, емоционален одговор и манипулативност.
Испитаниците, добиле попис од 260 песни за слушање и оценување, а се докажало дека оние кои покажале најголема склоност кон психопатија ја избрале „Lose Yourself“ – хитот на Еминем од 2002 година.
Песната која беше објавена пред повеќе од 20 години го опишува преминот на животот на раперот во камп на тркала во филмот „8 Mile“, па до тоа да стане рап ѕвезда која потпишува договор до Dr.Dre.
Нејзиниот текст многумина го сметаат за инспиративен и мотивациски и таков кој ги поттикнува слушателите да не ги пропуштат златните прилики кои животот им ги дава.
До денес „Lose Yourself“ добила над милијарда прегледи на Јутјуб.
Иако многумина би помислиле дека станува збор за бизарно и несовесно тврдење, авторите на студијата тврдат дека таа сепак има своја цел.
„Многумина ги прикажуваат психопатите како убијци со секира или сериски убијци, но реалноста е дека тие не се толку очигледни. Можеби работат со вас... Тие се како психолошки темни работи. Не сакате да имате такви луѓе на важни позиции. Ни треба алат за да ги дефинираме без нивна соработка или согласност“, објаснил Валисш, автор на студијата.
Исто така на пописот на песни особено на психопатите им се допаднале уште два наслови, а станува збор за песните „No Diggity“ – Blackstreet и „What Do You Mean?“ од Џастин Бибер која има дури над 2 милијарда прегледи.