(Видео) Поради енергетската криза луѓето сами изработуваат греалки: „Ме спасивте од смрзнување“

Точка

26/09/2022

14:00

9.078

Големина на фонт

а а а

Цените на електричната енергија и гасот во Европа продолжуваат да ги соборуваат сите рекорди, а луѓето се обидуваат да ги пронајдат најевтините начини како да ги загреат своите домови оваа зима.

Бројни корисници на социјалните мрежи се воодушевени од греалката која можете сами да ја изработите од свеќи и сад изработен од теракота.

Иако има различни начини на кои луѓето изработуваат теракота греалка, објаснуваат дека е клучно да се има повеќе садови со различна големина.

На сталажа одвоена од подлогата треба да се намести сад од теракота, свртен наопаку, а врз него треба да се постави поголем сад кој ќе му помага со акумулирање на топлината. Некои туторијали советуваат и трет сад, а некои користат само еден.

Просторот под работ на садот мора да биде отворен за свеќите да имаат кислород за горење, а садовите кои ја заробуваат топлината потоа се загреваат и уште повеќе го топлат просторот, со што бројни корисници на социјалните мрежи се воодушевени.

„Ви благодарам за овој туторијал, ме спасивте од смрзнување“, напишала една корисничка.

„Вакво греење сигурно ќе помогне со намалување на трошоците на гас“, додала друга.

Еден корисник ги снимил резултатите со термална камера – почнал со 22,2 Целзиусови степени и дошол до 50,6 Целзиусови степени и со тоа покажал колку топлина акумулирала теракотата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг