(Видео) Иранка ја врзала косата во знак на протест, полицијата испукала шест куршуми во неа

Точка

26/09/2022

15:26

6.290

Големина на фонт

а а а

Хадис Најафи, девојка од Иран, станала еден од симболите на борбата против угнетувањето на жените во Иран, откако полицијата ја убила на брутален начин во текот на демонстрациите на улиците на Караџ, каде голем број на луѓе се собрале за да изразат негодување поради смртта на Махса Амини.

Во Најафи безбедносните сили испукале шест куршуми. 20-годишната девојка на 24-ти септември се здобила со прострелни рани на градите, лицето и вратот, јавуваат медиумите. На снимката која кружи на социјалните мрежи се прикажува Хадис Најафи како ја врзува косата во опавче додека се подготвува да им се приклучи на демонстрантите. После тоа била застрелана.

Нејзиниот симболичен потег станал нов симбол на страдање во борбата за слобода на жените во Иран.

Се појавило и друго видео кое го прикажува семејството на убиената девојка како плаче над нејзина фотографија на тукушто ископаниот гроб.

Ова ги поттикнало пријателите и семејствата да споделуваат нејзини видео записи на кои се гледа како танцува или позира пред камера.

Бруталното убиство на Хадис Најафи се случило неколку дена откако иранската морална полиција ја претепала Махса Амини до смрт бидејќи не се придржувала до строгите правила за хиџаб во земјата.

Махса била во посета на роднините во Техеран кога моралната полиција ја уапсила и ја одвела во притвор каде била брутално претепана. Девојката имала срцев удар и починала.

Нејзината смрт довела до демонстрации ширум Иран и поттикнала остар одговор на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој и наредил на полицијата одлучно да се пресмета со демонстрантите.

Потсетуваме, официјалните медиуми во Иран известиле дека 35 лица загинале во текот на неодамнешните протести, но неиранските медиуми и други неофицијални извештаи сугерираат дека бројот на мртви е многу повисок.

Има и многу повредени на двете страни, уапсени се повеќе од 700 лица, меѓу нив 60 жени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг