Оптичка илузија која ги тестира вашите очи и ум: Дали може да сфатите што се случува?

Точка

26/09/2022

15:15

7.208

Големина на фонт

а а а

Новата оптичка илузија дизајнирана е така што ги става вашиот ум и вашите очи на тестирање, а илузијата се случува кога ќе се загледате во средината на оваа спирала.

Додека гледате вo средината, спиралата ќе почне да се замаглува и да се врти, иако самата фотографија целосно е статична, пренесува „The Sun“.

Вашите очи ќе можат да го видат движењето иако фотографијата е целосно мирна. Гледањето во овој спирален образец произведува хипотетички ефект познат како „послеефект на спирално движење“.

Кога вашите очи ќе се приспособат на движењето на спиралата, статичната слика тогаш се намалува и расте во спротивна насока.


Кажано е дека друго гледање на ваков вид спирални фотографии може дури и да влијае на вашата способност на читање зборови накратко потоа, затоа што тие можат истовремено да ви се појават пред очи.

Бавин Шах, бихевиорални оптоментрист, го објаснил ваквиот вид илузија:

„Ротациското движење предизвикано со обработка на сигналот е на сложена фотографија. Мозокот претпоставува дека очите се стабилни и дека не се поместуваат, поради тоа мора да претпостави дека образецот мора да се движи наместо тоа, така што образецот почнува да се движи“, вели тој.

„Некои од луѓето имаат повеќе вакви ситни движења на очите од другите, а некои се чувствителни на контраст во шаблонот, така што можат да постојат варијанти во изгледот и движењето“, додал тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг