Се прави за 10-на минути, а со мирисот и вкусот ќе ги освои вашите сетила: Бабина проја со ајвар за појадок од соништата

Точка

26/09/2022

16:04

12.488

Големина на фонт

а а а

Пченкарното брашно е исклучително здраво и треба често да биде на сечија трпеза.

Појадокот е еден од главните оброци и затоа е многу важно да бираме тоа што е навистина квалитетно и хранливо.

Имено, тој го поттикнува метаболизмот и варењето на храната, а тоа што нашите баби добро го знаеле е тоа колку пченкарното брашно е добро за нашиот организам.

Поради тоа тие често подготвувале специјалитети како проја, а тие до ден денес се наоѓаат на семејните трпези. Денес ќе ви пренесеме рецепт за еден супер вкусен појадок којшто брзо се подготвува.

Потребни состојки:

- 4 шолји пченкарно брашно;
- 2 шолји бело брашно;
- 2 лажици сол;
- 1 ќесичка прашок за печиво;
- 4 јајца;
- 100 милилитри масло за јадење;
- 6 големи супени лажици ајвар;
- 200 милилитри јогурт;
- 400 милилитри млеко.


Подготовка:

Земете подлабок сад и во него прво ставете ги јајцата, па изматете ги. Потоа додадете ги останатите состојки и сè добро измешајте со миксер.

Намачкајте го калапот за проја со масло за јадење и смесата ставете ја во калапчињата. Во текот на печењето тие малку ќе пораснат.

Печете во претходно загреана рерна на 200 степени Целзиусови. Одгоре ставете семки од тиква, сусам, сончоглед и уживајте во вкусот на здравиот појадок.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг