Берлускони: „Ќе се обидам да бидам плејмејкер во владата“

Точка

26/09/2022

15:43

2.006

Големина на фонт

а а а

Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони би можел повторно да се врати во парламентот по убедливата победа на десничарската коалиција.

„Ќе се обидам да бидам плејмејкер во владата“, им рекол Берлускони на приврзаниците откако гласал на вчерашните изборите, алудирајќи на желбата да остане на политичката сцена и покрај годините и слабото здравје.

Берлускони, кој во четврток полни 86 години, освоил повеќе од 50 проценти од гласовите во трката за Сенатот во округот Монца, каде поседува вила и локалниот фудбалски клуб, кој неодамна беше промовиран во највисоката италијанска дивизија – Серија А.


Искусниот италијански политичар, кој служел како премиер во четири италијански влади, имал тешка операција на срцето во 2016-та година, прележал тежок облик на ковид-19 во 2020-та година, а минатата година бил во болница поради неколку болести, потсетува „Reuters“.

Во парламентот ќе му се приклучи и неговата девојка Марта Фасцина, која ги освои гласовите на Сицилија.


Фасцина би требало да го заземе местото во Долниот Дом на пратеници, додека Берлускони е избран во Горниот Дом на Сенатот.

Берлускони ќе мора да се откаже од местото во Европскиот парламент, кое го освои во 2019-та, бидејќи не е дозволено паралелно вршење на функции и во италијанското и во европското собрание.


Некои италијански медиуми шпекулирале дека би можел да побара место претседател на Сенатот, и покрај здравствените проблеми.

Според пребројувањето на гласовите од повеќе од 90 проценти од избирачките места на изборите кои вчера беа одржани во Италија, партијата Браќа на Италија на Џорџа Мелони води со повеќе од 26 проценти освоени гласови, во однос на само четирите проценти на претходните избори во 2018-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг