(Фото/Видео) Неочекуван спој! Клои Кардашијан во прегратки на најсексапилниот маж во Европа

Точка

26/09/2022

15:53

7.509

Големина на фонт

а а а

Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан е снимена во интимна прегратка со италијанскиот актер Микеле Мороне, кој многумина го сметаат за најсексапилниот маж во Европа.

Тие двајца биле неразделни во Милано, за време и по ревијата на Долче и Габана, каде дизајнерите и Ким Кардашијан заедно ја претставиле својата нова колекција.


На настанот, Клои и Микеле, кој на јавноста ѝ е најпознат по улогата на Масимо во полскиот еротски трилер „365 дена“, биле снимени како се прегрнуваат и интимно разговараат на забавата по модната ревија.

Актерот на својот Инстаграм профил објави и фотографија со Клои, а нејзините обожаватели се надеваат дека Кардашијанката конечно ќе ја најде среќата во љубовта.

За потсетување, Клои неодамна стана мајка на момче кое го доби со поранешниот партнер Тристан Томпсон, кој ја изневеруваше на секој чекор.

Тие конечно раскинаа во 2021 година кога Тристан беше снимен како влегува во хотелска соба со три девојки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг