(Видео) Адвокатите на Клементина: Немало умисла да се убие ракометарот Тот, нејзините удари не придонеле за смртта

Макфакс

26/09/2022

17:20

5.358

Големина на фонт

а а а

Ударите од Клементина Лефкова, третообвинета во случајот за убиството на Денис Тот, не придодонеле за смртта на ракометарот.

Ова го тврдат двајцата нејзини адвокати, Емил Гугутчески и Бојан Василески. Тие велат: „Во никој случај ударите не може да придонесат за смрт“. Тие го посочуваат ова откога вештите лица посочија за нагмечувањата што ги имал Тот во пределот на главата и телото.

„Тоа го немаме уште докажано. Имаме уште за докажување, рано е“, вели адвокатот прашан како настанала смртта.

За нив е најважно да докажат дека немало умисла да се убие Тот, па додаваат: „Умислата сѐ уште виси во воздухот, тоа за нас е најважно“.

Прашани да ги коментираат тврдењата на вештаците, кои посочија дека повредата на ‘рбетниот мозок е главна причина за смртниот исход, адвокатот Василески вели: „Во вештачењето стои дека друго е причината за смртта. Се релативизираа денеска и тврдењето и вештечењето во денешното излагање на вештите лица откога им беше предочено дека во вештачењето има друго напишано“, а на барањето да каже што стои во вештачењето, рече: „Има време, ќе излезе во јавност. Се релативизира како е настаната таа повреда“.

За нив, неоспорно едека имало удари, меѓу кои е и боксот, по што следува единствениот момент кога Тот паѓа на земјата.

„Вештите лица даваат само можност како е настаната повредата. Во конкретниот случај во вештачењето стои дека е од падот, сега кажуваат дека е од вртење на главата“, додава адвокатот.

Децидни се дека второобвинетата го нема сторено кривичното дело убиство.

„Ние ја браниме дека го нема направено кривичното дело што ѝ се става на товар. И стоиме на тоа. Умислата не е докажана“, вели адвокатот, а прашан кое кривично дело го има направено Клементина, тој посочува: „Не знаеме тоа, обвинителката ќе каже“.

Доколку ракометарот Денис Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, ќе преживеел. Ова го покажува вештачењето на Александар Станков, директор и доктор на Судска медицина при обдукцијата на телото, кое е презентирано на судењето. Ударот и падот кај Тот се случуваат кога Анџело Ѓорѓиевски му задава удар со бокс по што сега починатиот паѓа на земјата. Докторот Станков вели: „Доколку таа повреда би ја немало, тој би можел да преживее“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг