(Фото) Леголас целосно непрепознатлив - што се случува со Орландо Блум?

Супермен

27/09/2022

17:47

5.806

Големина на фонт

а а а

Актерот Орландо Блум бил уловен од папараците додека се шетал во Беверли Хилс, но јавноста забележала дека нешто можеби не е во ред.

Ѕвездата на филмот „Господар на прстените“ и „Пиратите од Карибите“ делувал уморно додека ги извршувал дневните обврски.


Блум, кој е верен со пејачката Кејти Пери, бил лежерно облечен – бела маица и бели сандали, со зелени широки панталони.

Фановите забележале дека делува уморно и дека косата му е прилично запуштена, иако ја врзал во ниска пунџа.


Можеби Блум е малку уморен, бидејќи моментално снима дури два филмови.

Инаку, Орландо има две деца, Дејзи Дав, која ја доби со Пери во август, 2020 година, како и 11-годишниот син Флин, кој го доби во брак со манекенката Миранда Кер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk