Синот на Николас Кејџ по долго време се појави во јавноста и го покажа необичниот моден стил кој го негува

Супермен

28/09/2022

22:12

9.889

Големина на фонт

а а а

Синот на холивудската ѕвезда Николас Кејџ, Вестон Кејџ Копола, прошетал во центарот на Лос Анџелес, што е едно од неговите ретки појавувања во јавноста.

Овој 31-годишен музичар покажал дека е љубител на едноставниот моден стил, шетајќи со пуштена, долга кафеава коса, во сива маица и панталони од змиска кожа, но и исти такви чизми.

Вестон бил во друштво на непозната русокоса, а папарацо фотографите го фотографирале и во ресторанот каде седел со маска. Во таа прилика носел јакна која била дел од комплетот со неговите панталони, а до израз дошол и накитот којшто го носел на рацете.


Инаку, Вестон е најстариот син на Николас Кејџ и неговата прва сопруга, актерката Кристин Фалтон. Освен со музика, како и својот татко, така и тој се занимава со актерство, а веќе на 13 години Вестон глумел во некои од татковите филмови.

„Татко ми ме запозна со важноста на многуте заплеткани работи во актерството, со неговата динамика. Најдобриот актерски свет којшто го добив е токму од него. Ми кажа за важноста на користењето на нашата фантазија, изразувањето и гласот – комбинациите на сите тие работи за реално да го изнесете ликот кој го толкувате“, зборувал тој во 2019 година.

Во текот на годините тој предводел два метал бендови „Eyes of Noctum“ и „Arsh Anubis“.

Зборувајќи за својот најстар син, Кејџ го нарекол „вистински уметник“.

„Прави работи за кои можам само да сонувам... Компонира музика, пее, глуми, готви, а исто така е татко полн со љубов“, изјавил Кејџ тогаш.

Исто така изгледа дека Кејџ го сака модниот стил на својот син, поради тоа што на една од своите фотографии ја носи јакната во која Вестон е забележан во текот на последните јавни видувања.

Вестон моментално е оженет со Хила Кејџ Копол која го кажала судбоносното „да“ во 2018 година. Има четири деца, а пред последниот брак двапати се развел, од Даниел Кејџ во 2016 година и од Ники Вилијамс со која бил во брак една година, од 2011 до 2012.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk