Ни помалку, ни повеќе – Каније Вест на ревијата во Лондон се појавил во апостолки и чорапи

Супермен

28/09/2022

14:53

5.065

Големина на фонт

а а а

Каније Вест присуствуваше на ревијата на Burberry во Лондон во понеделникот, комбинирајќи ја својата целосно кожна облека со неочекувано парче обувки: апостолки над црни чорапи.

За време на ревијата на Burberry на моделите беа прикажани флип-апостолките на Вест, како и верзијата со високи потпетици.

Иако 45-годишниот рапер е „познат“ по својот уникатен вкус за обувки, тој во минатото носеше гумени папучи во стилот на Крокс, а најчесто се држи до пар кој сам го дизајнирал.

Ревијата на Бурбери требаше да се одржи за време на модната недела во Лондон на почетокот на овој месец, но претставувањето на новата колекција беше одложено поради смртта на кралицата Елизабета Втора, која почина на 8 септември.

Креативниот директор Рикардо Тиши, долгогодишен пријател и соработник на Вест, ѝ оддал почит на покојната кралица со тоа што ја прекинал музиката на една минута пред крајот на шоуто.

Вест во неделата им изрази сочувство на граѓаните на Лондон за смртта на кралицата, велејќи дека ги разбира бидејќи „и тој ја загубил својата кралица“ - мислејќи на неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk