На Твитер е споделен оглас за гарсониера во Белград чиј сопственик ја изнајмува за 400 евра месечно.
Меѓутоа, тоа што се нуди за тие пари ги разбеснило корисниците на оваа социјална мрежа и на луѓето кои го виделе огласот.
Цените на становите во Белград не се изненадување, меѓутоа износот којшто сопственикот го дава за споменатата гарсониера ги надминал сите очекувања.
„Се издава гарсониера во Нов Белград на одлична локација кај фонтана, реновирана, вселлива од 10 октомври. Има бесплатен, огромен паркинг пред зградата. Депозитот е задолжителен“, се наведува на страницата каде што е објавен огласот.
U epizodi narod je lud kao kurac predstavljamo garsonjeru od 24 kvadrata u paviljonima sa sudoperom i klimom NA TERASI od skromnih 400€ mesečno pic.twitter.com/moE6IBvGEO
— Борис (@eborise) October 4, 2022
Станот опфаќа 24 метри квадратни, но особено е интересна „позицијата“ и опремата на кујната која се состои само од мијалник. Се наоѓа на балконот на којшто е позициониран и клима-уредот.
Многумина биле бесни поради тоа што гарсониера којашто има такви услови се издава за толкава сума на пари, а некои од коментарите биле насочени на уредувањето на тоалетот.
„Дали сме сигурни дека сопственикот не нуди 400 евра месечно само за да живееш тука?“, се пошегувал некој корисник на социјалната мрежа Твитер.