Франческо Тоти „уловен“ со нова девојка во ресторанот во кој ја запросил поранешната сопруга

Супермен

06/10/2022

16:00

6.093

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот Франческо Тоти набрзо по разводот пронајде среќа покрај 34-годишната Ноеми Боки, пишуваат италијанските медиуми.

Парот бил забележан на неговата роденденска прослава пред неколку дена во познат римски ресторан.

Јавноста беше изненадена кога Франческо Тоти и Илари Бласи објавија дека се разведуваат по 17 години брак, а ниту едниот ниту другиот не се двоумеше да го изнесе својот „валкан веш“ од својата врска во јавноста. Така дознавме дека, според зборовите на Тоти, причината за разводот било неверството на Бласи, а ни таа не остана должна, па возврати дека претрпела нешта кои би разориле многу семејства.


Сепак, по тешкиот период, се чини дека фудбалерот пронашол нова љубов, а станува збор за Ноеми Боки, страсна навивачка на Рома. Таа диппломирала економија и банкарство на приватниот факултет „LUMSA“ во Рим, а моментално се занимава со декорација на цвеќиња.

Зад себе има еден брак со Марио Каучи, сопственик на фудбалскиот клуб Тиволи, со кој има 2 деца.

Според пишувањата на странските медиуми, Тоти и Боки ја криеле својата врска, но на криењето му дошло крајот на 27-ми септември, кога Тоти на прославата на 46-от роденден јавно ја претставил својата нова љубов, а нивните заеднички фотографии ги објави италијанскиот магазин „Diva“.

Она што го привлече вниманието на јавноста е фактот дека прославата се одржала во ресторанот „L'isola del pescatore“ во кој фудбалерот своевремено ја запроси сега веќе поранешната сопруга Илари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk